Свет
5. September 2019 - 21:35

Експлозија во индиска фабрика за петарди: Загинаа 23 лица, 14 се повредени, целата зграда се урна од детонацијата

Во експлозија во фабрика за петарди и огномет на северот од Индиј во средата загинаа 23 лица, а уште 14 се ранети, соопшти полицијата.

До експлозијата, која се случи во Гурдаспур во северната држава Панџаб, дошло во зграда која е користена за производство на петарди во населениот дел од градот, јавува Си Ен Ен.

EЕксплозијата била толку жестока што довела до рушење на зградата на фабриката, рече главниот инспектор Суриндерпал Синг Пармар.

„Се обидуваме да ја откриеме причината. Полицијата, пожарникарите и персоналот за вонредни ситуации се наоѓаат на самото место и бараат уште тела во урнатините“, рече Пармар во средата.

Тој додаде дека експлозијата била толку силна што ги скршила прозорците и урнала некои ѕидови од блиските згради. Неколку пешаци кои се нашле во близина на фабриката во моментот на експлозијата исто така се повредени, рече Пармар.

Огнометите и петардите се многу популарни во Индија во текот на фестивали и прослави, посебно околу најголемиот хиндуистички фестивал во Дивали кој паѓа кон крајот на октомври оваа година, пренесува Си Ен Ен.