Свет
17. January 2016 - 19:54

Експлозија во близина на италијанската амбасада во Кабул

Експлозија го потресе авагнистанскиот главен град Кабул, а според авганистанската телевизија „Толо њуз“ експлозијата се случила на територија на амбасадата на Италија во Кабул, пренесува ТАСС.

Експлозијата е предизвикана од пад на ракетен проектил на територијата на дипломатската мисија на Италија во Авганистан, а загинал еден соработник на службите за безбедност.

На местото на експлозијата се наоѓаат безбедносни сили, војници и пожарникари.