Експлозија прекина доток на гас од Иран кон Турција

Дотокот на ирански природен гас кон Турција од вчера е во прекин поради експлозија близу гасоводот, којашто се случи во источна Турција, изјави претставник на иранското Министерство за надворешни работи за иранската агенција Тасним, пренесува БТА.
- Дотокот на ирански гас кон Турција е привремено запрен поради напад на опозициските групации во Турција вчера, околу 18.30 часот по Гринич (19.30 по средноевропско време), изјави претставникот на иранските власти Маџид Агхај.
Саботажите на енергетската инфраструктура се честа појава во југоисточна Турција, каде е активна Курската работничка партија (ПКК). Во Југоисточна Анадолија, која е населена претежно со Курди, постојано се случуваат нереди и насилства по неуспехот и прекинот на примирјето меѓу Турската Држава и нелегалната ПКК во јули минатата година.
Нелегалната милитантна група е сметана за терористичка од страна на Турција, ЕУ и САД.
Ново на Сител
-

Нова стратегија за развој на туризмот на југоистокот од земјава
-

Се проширува истрагата за ботоксите - уапсени двајца доктори
-

Уапсени двајца членови на Беланоца
-

Министерот за здравство во заминување очекува Законот за заштита од пушење цигари да се изгласа до август
-

Тема на денот со Методиј Хаџи Јанев, професор
-

Македонија е пред дел од Европа според БДП по жител, покажува анализа на „Ворлд Атлас“
-

Органодонорството шанса за нов живот
-

Драма на летот над Македонија
