-->
-->
Eксплозија на заразени од коронавирус во Нови Пазар, состојбата е надвор од контрола
-->
Откако беа олабавени рестриктивните мерки и претходните слави за рамазанските празници, во Нови Пазар има експлозија на заразени од корона вирус.
Болниците се преполни, нема доволно медицински персонал, ниту медицинска опрема.
Видео снимки се објавуваат на социјалните мрежи. Состојбата е надвор од контрола.
Денеска во Нови Пазар е и премиерката Ана Брнабиќ која сака лично да се увери во ситуацијата со Ковид-19.
Локалните медиуми јавуваат дека во изминатите 3-4 дена на муслиманските и на православните гробишта во градот се извршени 35 погреби, но официјалните бројки за починати се многу помали.
Во Србија вчера беа регистрирани 250 нови случаи на Ковид-19.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Одбележување на 5 Maj - Денот на македонскиот јазик
-
Православните верници го слават Велигден
-
ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско
-
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
-
Италија ја исклучи можноста за воена интервенција во Украина
-
Русија распиша потерница и за командантот на копнените сили на Украина, Пављук
-
Шолц го осуди нападот врз европратеник од германската Социјалдемократска партија
-
Состојба на патиштата