Македонија
24. March 2021 - 17:17

Експлозија на плинска боца во куќа во Штип - Повредени три лица меѓу кои и малолетник

Вчера во 12.25 часот во СВР Штип било пријавено дека околу 09.00 часот во куќа на ул.„5 Партиска конференција“ во Штип настанала експлозија на плинска боца, при што со повреди се здобиле Р.Г.(67),  Д.Г.(43) и малолетник, констатирани во Клиничката болница Штип, стои во соопштението од МВР.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Штип.