Експлозија на автомобил бомба во авганистанската провинција Пактија, стравувања за многу жртви

Има стравувања за многу загинати откако во главниот град на провинцијата Пактија, во југоисточен Авганистан, рано утринава експлодира автомобил-бомба, соопштија локалните власти, јави ДПА.
Најновата експлозија доаѓа само два дена по двата напади во земјата, на породилиштето на „Лекари без граници“ во Кабул и на погреб во Нангархар, каде загинаа повеќе од 50 лица, додава агенцијата.
-Автомобил, полн со експлозив, денеска е активиран во градот Гардиз, главниот град на провинцијата, изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи Тарик Аријан.
Еден локален официјален претставник изјави дека најмалку четири лица загинале, а 19 други се повредени во експлозијата, што се случила во близина на владините канцеларии.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, но Аријан ги обвини Лашкар-е-Таиба и талибанската мрежа Хакани.
Талибанците и САД кон крајот на февруари потпишаа мировен договор.
Авганистанскиот претседател Ашраф Гани во вторникот им нареди на воените сили да извршат офанзива против талибанците, главната милитантна група во земјата, потег што талибанците го опиша како „објавување војна“, потсети ДПА.
Ново на Сител
-

Без вода делови од Карпош, Центар и Бутел
-

Судење за „Пулс“: Обвинителство треба да почне со изведување на обдукциските наоди
-

Претпладне сончево, попладне дожд и грмежи
-

Спасовски: Законот за двојни државјанства да важи веднаш и за пратениците и за Владата
-

Обвинителството со детали за физичката пресметка пред угостителски објект во Скопје, покрената истражна постапка
-

Приведен скопјанец кој пред угостителски објект со нож повредил друго лице
-

Путин се сретна со Арагчи и изрази надеж за мир во Иран
-

Судењето за пожарот „Пулс“ влегува во фаза на изведување материјални докази, први тие од обдукциските наоди
