Експлозија крај објект на НАТО во реонот на Измир

Слаба експлозија одекна утрово крај објект на НАТО во западниот турски округ Измир, јави Си-Ен-Ен Турк.
Според телевизијата, при експлозијата, што се случила околу 8 часот по локално време (7 часот по средноевропско време) во реонот на Ѓултепе, нема човечки жртви, но се предизвикани штети на ѕидот на воениот објект.
Веднаш по експлозијата, турската полиција го болкираше реонот околу објектот на НАТО.
Во тек е истрага за утврдување на причините за експлозијата.
Агенцијата Анадолија, повикувајќи се на изјава на очевидец, јави дека непосредно пред експлозијата на тоа место минало воено возило.
Од експлозијата е оштетен ѕидот што го раздвојува објектот на НАТО од соседните локални гробишта, а искршени се и прозорци на неколку околни згради.
Досега никој не презеде одговорност за експлозијата. Во минатото разни курдски, исламиситички или екстремно левичарски групи преземаа одговорност за бомбашки напади на територијата на Турција.
Ново на Сител
-

Бизнисот бара, но работници нема
-

СДСМ: Над 2 милиони евра завршиле кај ,,Маратон" и уште една фирма блиска до ВМРО
-

Мицкоски: Ние како владина коалиција го усогласивме нашиот став
-

Капиталниот проект за регулација на коритото на Сува Река
-

Треба да се работи на збогатување на гастрономската понуда
-

Македонската наука во европската мрежа COST
-

Пожарот кај селото Бајково и понатаму активен, но под контрола
-

Претставници од иницијативата „Стоп за Усје“ на средба со министерот Мухамед Хоџа
