Балкан
14. November 2016 - 13:58

Експлодирал пакет: Повредени три лица во експлозија во Истанбул

Три лица се повредени во експлозија што денеска се случи на азиската страна од Истанбул.

Според полицијата, експлодирал пакет што курир го испорачувал во елекстронска компанија во Малтеп, дел од градот познат како комерцијален и станбен.

Турција е во состојба на зголемена претпазливост во изминатите недели поради голем број напади и закани од ИД, Курди и левичарски милитантни групи.