Џет-Сет
27. October 2017 - 20:15

Експлицитни кадри: Девојка во диско му ги покажа градите на Слаткар

Марко Маринковиќ-Слаткаристика со години ужива голема популарност кај македонската публика, а од неодамна тоа е случај и во Бугарија.

Милионите прегледи на неговите видео записи не се ништо ново, па оваа бројка се очекува и на неговото ново музичко парче.

Станува збор за песната „Money/Maani“ која за само неколку дена има повеќе од 100.000 прегледи на YouTube.

Инаку новиот звук на Слаткаристика е soundtrack за бугарскиот филм „Привличане/Attraction“, кој е под режисерската палка на Мартин Макариев, човекот кој стои зад најпознатата бугарска серија „Под Прикритие“.

Во видео спотот кој изобилува со сцени од филмот, може да се забележат и експлицитни кадри.

Кај фановите најмногу внимание привлекоа девојките кои се бакнуваа, но девојката која без проблем ги покажува своите голи гради.

Инаку филмот својата премиера ќе ја доживее во февруари следната година, а дотогаш вие уживајте во видеото за „Money/Maani“.