Експертската јавност бара вклучување во реформите во системот за заштита и спасување

Научната и експертска јавност во земјата бара вклучување во реформите на системот за заштита и спасување што би подразбирало измени на соодветната легислатива и, меѓу другото, би опфатило и спојување на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и Центарот за управување со кризи (ЦУК).
На дебатата што во рамки на „Научната среда“ беше организирана од Институтот за социолошки и политичко правни истражувања (ИСППИ) присуствуваше и националниот координатор за имплементација на Националната платформа за намалување на ризици од несреќи и катастрофи Павле Трајанов, кој најави дека наскоро на владина седница би требало да биде усовена анализа за состојбите и да бидат предложени реформи на целокупниот систем за управување со кризи.
Трајанов се согласи со дел од учесниците дека е потребно вклучување на експертите и оти се потребни реформи на овој систем имајќи предвид дека вака како што е поставен, како што посочи, не се знае кој за што е одговорен во услови на криза.
- Постои дуализам, постојат ривалитет и постои некоординираност во овој систем за управување со кризи. Овој систем треба да почне со превенција, но тоа е широк поим. Што значи превенција? Една од превенциите е, на пример за земјотресите, квалитетот на градбата, за поплавите чистењето на системите за наводнување, реките, езерата, таму дали имаме интегрален систем за управување со води итн, кој што не постои, значи многу сегменти во контекст на оваа работа, рече Трајанов, на дебатата посветена на „Имплементација на националната платформа за намалување на ризици од катастрофи“.
Ново на Сител
-

Над 8.300 повици на 112 во ЦУК по невремето
-

САД извршија нови напади врз Иран, Вашингтон остава отворена можност за дијалог со Техеран
-

Невреме во регионот - Гром усмрти околу 30 овци во БиХ, предизвикан и шумски пожар кај Макарска
-

Втор ден од официјалната посета на претседателката на Индија на земјава
-

МВР: Во Скопје евидентирани 117 оштетени возила и 10 повредени лица
-

Облачно со сончеви периоди, услови за пороен дожд, град, грмежи и засилен ветер
-

Ново големо невреме од Црна Гора се движи кон Македонија
-

20-тина повредени по силното невреме во Скопје, надлежните ги санираат штетите
