Македонија
6. March 2020 - 16:55

Експертска дебата - дали на судството му треба проветрување?

Проветрување во судствоо наместо ветинг. Ова е ставот на домашните, но и на правните експерти од регионот. Предупредуваат дека овој процес треба да се води внимателно, преку професионализација на државните институции за што е неопходна волја од политичките партии.

Дека ветингот може да пресрасне во партиски реваншизам предупредува и Маликна Ристевска од Институтот за европска политика. Вели дека Македонија не може да го следи примерот на Албанија, бидејќи за тоа се неопходни измени на Уставот.

Ветингот на судии и јавни обвинители во јавноста го актуелизираше ДУИ која до Собранието достави и предлог-закон, кој и покрај очекувањата не се најде на собраниска седница пред распуштањето на пратеницте. Ова прашање во разни форми завзема централно место и предизборните програми на речиси сите политички партии.