Македонија
10. April 2019 - 16:16

Експертите загрижени за говорот на реисот Сулејман Реџепи: Се подгреваат тензии и омраза

Говорот на поглаварот на ИВЗ Реис улема Сулејман Реџепи е вознемирувачки и штетен за едно мултирелигиско општетество какво што е нашето, вели професорот Ило Трајковски. Таквиот начин на изразување кој не носи ништо добро околу почитувањето на различните верски заедници во земјата, според осциологот, единствено што може да постигнат е покренувње омраза кон неопределен непријател.

Трајковски смета дека доколку се земат во предвид сите изјави на првиот човек на ИВЗ изминатиов период, може да се констатира дека тој има некој негов личен проблем, кој во никој случај не смее да го злоупотребува на вакви настани.

На навредите на Сулејман Реџепи реагираше и пратеникот на СДСМ Мухамед Зеќири, кој на својот ФБ профил напиша дека е срамно пред верниците да се проповеда тоа што не го одобрува верата. Тој бара од ЈО за овој потег на Реџепи, да отвори случај за говор на омраза.

Тоа што тој го прави со години, мене искрено не ме зачудува. Прво им се чудам на имамите и членовите на највисоките тела на ИВЗ кои продолжуваат да замижуваат на сето она што овој “човек” го прави, и натаму молчат како кукавици и се плашат од овој “човек”. 

Почитувани имами, охрабрете се, не молчете, СРАМОТА е тоа да го правите и со вашиот молк да ги одобрувате постапките на Резил улема Сулејман Реџепи, напиша Зекири на фејсбук.

Јавноста пред неколку дена го слушна говорот на поглаварот на ИВЗ во с.Арнакија, во кој македонскиот народ го нарекува див народ без идентитет. Видеото беше објавено на профилот на Сулејман Реџепи.