Македонија
27. March 2020 - 15:00

Експертите повикуваат за замрзнување на рати и камати кон банките во рок од три месеци

Целосно да се замрзнат обврските на граѓаните и фирмите кон банките и тоа  до 30 јуни, предлагаат експертите. Велат дека со уредбата која ја донесе владата се олеснуваат условите за враќање на долговите,  но таа не е задолжителна. Затоа експертите сметата дека во ваква ситуација за да се растеретат и домаќинсвтава и стопанството државата треба да најде начин како да им наметне обврска на банките  целосно да ги  замрзнат обврските кон нив ,  а откако ќе заврши кризата со пандемијата  тогаш да се бараат начини како полесно да почнат граѓаните и бизнисмените да ги  враќаат долговите..

Лазаров вели дека државата  веќе доцни со ваквите мерки, а стопанството и граѓаните се во постојан грч затоа што на некој веќе им достасуваат ратите за плаќање.

Во регионот народните банки во некој земји одлучија на минимум 3 месеци да ги замрзнат ратите на кредитите за сите граќани и фирми, кај нас НБРМ даде само препорака – секоја банка да одлучува посебно за секого. Иако секој клиент може да бара одлагање на враќање на кредитот, плаќање на ратите, сепак крајниот збор ќе го имаат деловнте банки.