Балкан
3. July 2017 - 8:55

Експерти за Балканот на Центарот „Вудроу Вилсон“: Етничките поделби водат кон војна

Ослобоѓење - Сараево

Во услови на обновениот американски интерес за Балканот, полната сала во центарот „Вудроу Вилсон“ во Вашингтон. собра панел експерти за западен Балкан каде се расправаше за актуелните настани во регионот.

Во повеќето земји во регионот кои минуваат или неодамна ги поминаа парламентарните и претседателските изборни циклуси, се поставуваат прашања за владејачките структури и државната легитимност, за регионалните односи и евро-атланските интеграции.

Панелисти беа Рос Џонсон, експерт за јавна политика во центарот „Вудроу Вилсон“ и институтот „Хувер“, Џон. Р. Ламп експерт од центарот „Вудроу Вилсон“ и професор на Универзитетот „Мерилен Колеџ Парк“ и Даниел Сервер, виш стручен соработник при Центарот за трансатлански односи и директор за конфликтни резолуции на Универзитетот „Џон Хопкинс“. Со панелот модерираше Марта Врбетиќ, експерт од Институтот „Вудроу Вилсон“.

Џонсон истакна дека од како Словенија и Хрватска на 25 јуни во 1991 година прогласија независност од Југославија, сите граници останаа исти, покрај статусите на земјите кои се променија, „нема причина зошто (границите) не можат да се доведат повторно во прашање” посебно укажувајќи на границата на Србија и Косово.

Тој истакна дека има недостиг на економски раст и корупцијате е присутна во сите земји на западен Балкан и го нагласи прашањето за уставниот поредок во Босна и Херцеговина.

Сите одлуки и застапеноста на државно ниво вклучуваат консензус меѓу трите етнички заедници, а дисфункционалноста е зголемена со ентитетските структури. Многу граѓански иницијативи во БиХ се против етничка сегрегација, но се уште постојат 57 „две училишта под еден покрув”, кои сериозно пречат на соживотот на различните етнички групи.

Меѓународната студија за кризни групи во 2014 година ја повика Босна и Херцеговина да почне да бара нови Уставни темели.

- Дејтонскиот договор, систем според кој земјата се уште делува, е наметнат, вели Џонсон, додавајќи дека „26 години по крајот на Југославија прашањето за тоа како треба да изгледа Босна и Херцеговина, се уште е многу отворено”.

Балканските земји ќе примаат поволности пред членството во ЕУ

Откако Црна Гора е примена во НАТО во почетокот на овој месец, другите земји се чини сакаат да ја следат и како што забележува Рос, „сите членови на ЕУ од централна и источна Европа биле прво членки на НАТО”.

- Западен Балкан направи значаен напредок во десетте години по војната, рече Сервер, истакнувајќи дека „нема алтернативи за политичките и економските реформи потребни за секоја од тие земји да се приклучат на НАТО и ЕУ”.

За Србија односите со Косово се најважни. Сепак, според Џонсон, Белград и Приштина имаат фундаментално различни концепти врзани за асоцијацијата на самоуправните српски општини на Косово.

Во меѓувреме, Косово постигнува се позначајни меѓународни статуси, а сега е и членка на Светската банка.

Членството во НАТО е прифатено меѓу српската елита, но до каде ќе се оди, Лампе вели дека „не знае”.

Лампе, кој моментно пишува книга за Институтот „Лајбниц“, за студии за Истокот и Југоисточна Европа, вели дека во Србија не е се како што се пишува во медиумите.

- Безумното зголемување на пензиите во 2007 година сега им удира од глава со инфлација која стигнува речиси 20 отсто. Со општо намалување на приходите за малите и средни компании и приватните фирми, општиот дефицит на трговијата е намален бидејќи луѓето едноставно не можат да купуваат од увоз, рече Лампе.

Иако платите во јавниот сектор се намалија, што е многу корисно според Лампе, „бројот на јавните фирми не се намали, а ни нивните невообичаено високи плати не се намалија”.

Сепак, вели Сервер, „кандидатот добива поголема предност за членство во ЕУ пред да стане член, а не потоа”.

Членството во НАТО иако е привлечно во краток рок, блокирано е за многу балкански земји поради сопствените проблеми.

За Македонија постои спор со Грција околу името. Косово не може да собере војска се додека не добие српски гласови. Во Србија е популарно мислењето против членството на НАТО, а во Босна и Херцеговина, официјално поради прашањето за сопственоста на воениот имот, но всушност поради интересот на Додик за независност, заклучува Сервер.

Исламски мини држави

Блискоисточната криза имаше последици и на Балканот, каде некои терористички групи регрутираа борци. Во 2015 година, статистиката покажа дека Косово има 125 странски борци по глава на жител за секој милион граѓани, ставајќи го на прво место меѓу 22 наведени земји. Тој број од тогаш е намален, а над 100 луѓе на Косово се уапсени или под истрага поради вработување во име на Исламската држава или борбите во Сирија и Ирак.

Неодамнешниот извештај кој го објави групата „Суфан“ проценува дека меѓу Сирија и Ирак има од 200 до 400 босански државјани.

„Враќањето на (странските борци) е ризично, вели Сервер.

Сервер предупредува дека Американците треба да бидат уште повеќе загрижени за етничката поделба од што беа во 90-те години на минатиот век, посебно со оглед на тоа колкав успех би можеле да имаат терористичките групи со етничката поделба.

„Етничката поделба води во војна” и може на крај да доведе до „исламски мини држави” во делови на Босна и Херцеговина, Косово, а веројатно и во Србија.

Нема американска стратегија на Западен Балкан

САД се чини „ја пренесува одговорноста на Европа која повеќе не може да понуди напредок на интеграциите кои ги нудеше во 1999 или во 2000 година, кога прва ја измисли таа идеја”, вели Сервер, додавајќи дека „Русија е одлучна да го блокира понатамошното членство на НАТО и членството во ЕУ во регионот”.

„САД треба да направи гест со отварање на пазарите на Западен Балкан” и да го диверзифицира влезот на гас во регионот далеку од Русија.

На прашањето за стратегијата на САД за Балканот, Сервер е загрижен.

- Барем под Обама постоеше влијанието на Бајден, кој беше многу силен заговорник за ставање на земјите на Западен Балкан на патеката на ЕУ, вели Сервер.

Осум години од занемарување на Балканот од страна на Обама, новата администрација се уште не се огласила околу стратегијата кон овој регион.