Македонија
29. November 2015 - 16:43

Експерти: СДСМ предлага тотатитарност, предлозите значат целосна партизација на медиумите

Деспина Тодоровска

 

Предлозите на СДСМ за регулација на работата на медиумите се скандалозни и ќе доведат до целосна партизација на Агенцијата за медиуми смета долгогодишниот новинар иозвестувач од САД  Цветин Чилиманов. Барањето првиот човек на Агенцијата да биде на предлог на опозицијата и да има поголен број овластувања, според него ќе воведе цензура во медиумите и ќе ја однесе Македонија чекор назад.

Според барањата на СДСМ нивниот претседател на Агенцијата за медиуми ќе има право да дава или одзема лиценци за работа на медиуми врз основа на свое лично убедување, а не со одлука на Советот на Агенцијата. Истиот тој човек ќе има слобода сам да одлучува дали некој медиум треба да биде казнет, дали работи објективно и непристрасно, дали ги почитува правата и слободите и дали негува хумани и морални вредности. Уште поскандалозни се барањата на опозицијата за зголемување на казните од 10.000 на 50.000 евра, како и за поставување свое раководство во Македонската радио телевизија. СДСМ бара и укинување на одговорноста на членовите нa советот доколку нанесат штета на радиодифузерите. За експертите е спорно зошто би се укинала одговорноста и какви сценарија подготвува опозицијата.

Остри реакции на ваквите предлози на СДСМ изнесоа и двете новинарски здруженија. Претседателот на ЗНМ Насер Селмани на својот facebook профил напиша  дека по ниедна цена нема да прифатат политички договори на штета на медиумите.

„СДСМ не ги спречи медиумските закони затоа што им се допаѓаа. Се надеваа дека кога ќе дојдат на власт ќе наследат од ВМРО перфектен систем на контрола на медиумите. Се излажаа, а уште не разбираат дека тој концепт е погрешен и туркаат решенија кои ќе доведат до поголема политизација и партизација на медиумскиот систем. Жално, но вистинито! 
Не можат да разберат дека времето кога ставовите на ЗНМ се градеа во Бухачка заврши“ пишува Селмани на својот facebook профил.

Преку соопштение пак, Македонска асоцијација на новинари МАН, ги повика сите печатени медиуми една третина од својата насловна страна да ја обојат во црно, а телевизиите и радијата во 15 секунди да објават видео спот со црна позадина со што ќе изразат протест од фашизмот на СДСМ кон оваа област. Тие меѓу другото потенцираат дека нивните предлози се:

Претседател на Агенцијата за медиуми  да биде само лице кое заеднички би го предложиле двете новинарски асоцијации МАН и ЗНМ, а никако политичка партија, без разлика за која партија станува збор.

МАН предлага во работата на Агенцијата за медиуми како и органите на јавниот сервис, да бидат првенствено и доминантно вклучени двете новинарски здруженија кои ќе предлагаат најмалку половина од членовите на Советот на МРТВ и на Агенцијата за медиуми, а потоа во составот на овие тела да бидат вклучени стручни претставници на јавниот сектор како од македонскиот, албанскиот и турскиот театар, адвокатската комора, претставници на МПЦ и Исламската верска заедница, Универзитети, заедницата на локална самоуправа и на МАНУ, со што ќе се обезбеди широка јавна контрола врз медиумите.

Како и тоа со закон да се забрани било какво вплеткување на партиите во составот и работата на Агенцијата за медиуми и Советот на МРТВ, и забрана на членство за било кој партиски функционер, како и забрана на партиите да предлагаат членови во тие институции.