Македонија
14. August 2015 - 19:19

Експерти од Европа ќе ги утврдуваат причините за последиците од невремето

Експерти за вода, водовни и канализациони системи, поплави, свлечишта и градежни инженери ќе ги испитуваат причините поради кои настана катастрофалната поплава во Тетово. 7 европски врвни стручњаци во својата област,12 дена ќе го анализират теренот заедно со ДЗС. На барање на дирекцијата во Тетово се активира тимот за цивилна заштита на ЕУ кој ќе направи целосен увид и ќе издаде извештај со идни мерки и препораки.

ДЗС е членка на овој механизам од 2012 година кој овозможува координација на целокупната помош од Унијата во случај на природни катастрофи. Од Коперникус ветија дека Европската Унија ќе и помогне на МАкедонија да се справи што поскоро со штетите и евентуалните нови опасности од свлечишта.

Тетовскиот регион го зафати голема поплава во која имаше и човечки жртви.Водената стихија предизвика големи свлечишта поради кои загинаа 6 лица од кои 4 деца. Невремето остави голем број тетовчани без покрив над глава. Оштетени се 390 куќи а се отстрануваат наноси од милион и 500 илјади кубици. На терен работат преку 40 багери неколку булдожери и 40тина камиони на ДЗС . Салиу вети дека теренот ќе биде целосно уреден за неколку дена.