Експерименти за запирање на процесот на стареење

Научникот од Калифорнија, Алехандро Окампо оценува дека може да се запри процесот на стареење и оти експериментите со хемиски супстанци против стареењето, постепено ќе може да се применува на луѓето во следните десет години.
Окампо, кој е еден од авторите на студија на Институтот Салк за биолошките студии во Калифорнија, истакна дека целта на истражувањето е да им се помогне на луѓето да „го избегнат страдањето“ кога ќе сфатат дека стануваат се постари.
Истражувањето покажува дека постојат „ембрионски гени“, клетки со ембрионски карактеристики создадени од репрограмирани зрели клетки кои можат да ги елиминираат знаците на староста.
Во лабораториски услови новиот вид генетска терапија досега е тестирана на клетки на глувци и на клетки од човечка кожа, при што и едните и другите покажале знаци на подмладување.
По шестнеделен третман, глувците изгледале помладо, рбетот им бил исправен, кардиоваскуларниот систем подобро функционирал, а и побрзо заздравувале од повреди, а и живееле подолго за 30 проценти.
Ново на Сител
-

Бабата и дедото на судијата Ристов му давале пари за стан
-

ОБСЕ: Функционерите најчесто се спасуваат во судот
-

Повеќе од половина судови се неажурни
-

Над 120 амандмани на вториот ребаланс на буџетот, почнува расправата во Собранието
-

СДСМ: Уставен ја отфрли иницијативата кога власта најави економски работници
-

28 питомци со свечена воена заклетва
-

За два дена над 800 граѓани од ризичните групи вакцинирани против грип
-

Преглед на вестите од светот
