Експериментална поетска книга за деца и млади „Биди ѕвезда“

Издавачката куќа „Феникс“ објави експериментална поетска книга за деца и млади „Биди ѕвезда“ од Христо Петрески која содржи 33 текстуални песни и 11 сигналистички односно визуелни. Сите песни поделени се во три циклуси: Тролови, На денешен ден и Слатко море.
Петрески заедно со писателот Трајче Кацаров неодамна го напиша манифестот за поезијата за деца и млади „За сегашните и идни деца“ и е еден од покренувачите и основачи на новооснованата група писатели за деца и млади Нови штурци.
- Поетската книга „Биди ѕвезда“ е иновативна и експериментална, со духовити и необични песни, игрива и весела, со цел да се доближи и да го привлече вниманието на современите најмлади читатели...Таа е прва од новите изданија на групата Нови штурци. Се подготвува и ќе излезе од печат и Антологијата на (нај)современа македонска поезија за деца и млади Нови штурци (тоа не сум јас), информира „Феникс“.
Ново на Сител
-

Законот за прекршоци пред пратениците
-

Вработените во Пошта протестираат оти им доцни платата, директорот вели денеска ќе биде исплатена
-

Обоистката на МОБ Петрушевска обвинува дека е незаконски суспендирана
-

Преку промоција на културата до повеќе посетители
-

Кадровско засилување на кочанската општа болница
-

Преглед на вестите од светот
-

Ние сме против ад хок зголемување на плати без раст на продуктивноста, велат од Министерството за економија
-

Тема на денот со Борис Георгиевски, Дојче Веле на македонски јазик
