Македонија
5. October 2017 - 19:05

Експериментален филм на Вероника Камчевска на фестивал во Турција

Краткометражниот експериментален доку филм „Ø“ на авторката Вероника Камчевска ќе се прикажува во официјалната селекција на Меѓународниот фестивал Видеоарт - Ist Internatioanl Video Art Screening Program  во Турција.

Филмот ќе биде прикажан на 25-ти и на 28 октомври во Измир. Фестивалот е биенален филмски и видеонастан со шетачка програма низ повеќе градови во Турција.

Филмот ја портретира концептуалната изложба на уметничката група „ЅЕЕ“ за проектот „Ø“, обидуваќи се да го деконструира ликовниот израз во видеоприказ.