Македонија
1. August 2015 - 16:52

Ексклузивни настапи на Охридско лето

Интересот и возбудата да се биде дел од програмата на Охридско лето постојано расте и се повеќе е тешко да се обезбеди билет за предвидените настани. Вечерва на Античкиот театар, со почеток од 21 часот настап на големата ѕвезда, виолинистот Стефан Миленковиќ и виртуозот на хармоника Марко Хатлак, со нивниот најнов проект Танго Компас, кој ќе биде голема атракција и вистинско уживање за фестивалската публика.

Стефан Миленковиќ од своите најрани години, кога стручната публика го нарекуваше „чудо од дете“, настапуваше на Фестивалот Охридско Лето. Неговиот последен настап беше на 1 Август 2011 година со познатиот македонски гитарист, Влатко Стефановски, концерт кој фестивалската публика сеуште го памети.

Од Фестивалот Охридско лето велат дека овој концерт ќе биде вистински ексклузивитет, голема атракција и  несекојдневен настан кој не смее да се пропушти.