Бизнис
2. јуни 2017 - 20:06

Економистите со оценка за економската програма на новата влада

Економски раст од 5 отсто  е можен но за 5 години. Со зголемувањето на минималната плата на 12 илјади и просечната на 30 илјади денари ќе се подобри економската стабилност кај граѓаните. Економистите  со оценка за економската програма на новата влада. Сметаат дека  предвидениот висок раст од 5 отсто стопанствотот  во следните две годни нема да може да го испорача, главно поради политичката криза која веќе подолго време го држи бинзисот во неизвесност

Прогресивен пероснален данок треба да има. Но да се воведе модел кои ќе биде ефикасен и нема да донесе даночна евазија.

За поранешниот министер за финансии и креаторот на рамниот данок во Македонија, Трајко Славевски воведувањето на две стапки на персонален данок од 10 и 18 отсто и враќањето на 15 отсто од ДДВ кај граѓаните се мерки кои не се доволно разработени. Нема да ја намалат нееднаквоста кај граѓаните само ќе воведат хаос во даночниот систем.

Економистите сметаат дека е неопходно зголемување на минималната и просечната плата. Самите работодавачи се свесни дека  платите кои ги даваат се недоволни за работниците. Зголемувањето ќе биде на нивни товар но од друга страна ќе се зголеми куповната моќ на домаќинствата. 

Премиерот Заев во своето  обраќање посочи дека во новата програм се предвидуваат и буџетски средства како помош за домашните фирми.

Се предлага и зголемување на акзците, мерка која дел од економистите ја оправдуваат, објаснуваќи дека треба да има повисока акциза за  луксузни автомобили исто како во Европските земји, укинување на горната граница за плаќање на придонесите на  платите , промени во даночната политика во делот на данокот на имот.