Економисти: До крајот на 2050 година во Србија ќе има еден милион жители помалку
Населението во Србија ќе се намали за 15 проценти или еден милион граѓани во текот на следните три децении, рече денеска Саша Ранѓеловиќ, професор на белградскиот Економски факултет, jави Бета
Во презентацијата на билтенот „Квартален монитор“ за влијанието на демографскиот пад врз економскиот раст во Србија и регионот, тој нагласи дека намалувањето на две третини од населението од тој број ќе биде резултат на негативен природен раст и една третина на емиграцијата.
„Се проценува дека до 2050 година, населението во Србија ќе се намали за 5 проценти како резултат на емиграцијата, така што само Албанија и Летонија ќе имаат поголемо намалување на популацијата заради емиграцијата“, рече Ранѓеловиќ.
Тој додаде дека „остриот пад на населението, исто така, ќе влијае на намалувањето на контингентот на работна сила во Србија за околу една петтина“.
Поради падот на населението и неговото стареење, како и падот на продуктивноста, рече тој, просечната стапка на раст на БДП по глава на жител во Србија во текот на следните три децении ќе биде пониска за околу 0,8 процентни поени.
„Тоа значи дека БДП по глава на жител ќе се намали за речиси една четвртина до 2050 година“, рече Ранѓеловиќ.
Ново на Сител
-
Студентите на дебата: 160 денари за оброк или проширување на листата на приматели на оброк?
-
СДСМ обвинува за скандалозна тендерска постапка во СОЗР
-
Преглед на вестите од светот
-
Законот за заштита на децата се врати во Собрание со забалешките на претседателката Сиљановска
-
Кон средината на февруари се очекува пикот на заразени со грип
-
ССМ: Трошоците за живот растат, новогодишната кошница нема ефект
-
Преглед на вестите од светот
-
Трамп избран за 47-от претседател на САД