Еколошки хепенинг во Крива Паланка

По повод Зелената недела на Европска унија 2016, во градскиот парк во Крива Паланка денеска се одржа манифестацијата „Еколошки хепенинг“, која ја организираше ЕУ-инфо точката од општината, во соработка со ЕУ- инфоцентарот при Делегацијата на ЕУ во Република Македонија.
- Еколошкиот хепенинг се одржа под мотото „Инвестирање во зелената иднина“ и вклучи повеќе компоненти: сценско-музички точки, еколошки рецитал, еколошки пораки, делење едукативни флаери и летоци, како и целодневен ликовен хепенинг со еколошка содржина, информира Лидија Митовска, одговорна од ЕУ-инфо точката од општина Крива Паланка.
На манифестацијата учествуваа учениците од сновното општинско училиште „Илинден“ и членовите на ликовниот клуб при НУ Центар за култура, Крива Паланка.
Пред присутните се обрати градоначалникот на општина Крива Паланка, Арсенчо Алексовски, кој истакна дека соработката со Европската унија се остварува на повеќе полиња, меѓу кои е и областа на екологијата.
Тој посочи дека овој еколошки настан е во насока на валоризирање на еколошките вредности, со цел да се даде придонес за зелената иднина и за зелена општина Крива Паланка.
На еколошкиот хепенинг му претходеа неколку работилници со учениците од ООУ „Илинден“ , а настанот беше дел од бројните пригодни активности за одбележување на зелената недела на ЕУ 2016 во Крива Паланка.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Гаши: Законот за правична застапеност нема да се донесе тајно, кога ќе има услови да се стави на гласање
-

Промоција на новите електронски услуги на Државниот инспекторат за земјоделство
-

Современа болница и поквалитетно здравство за граѓаните на Источна Македонија
-

Водата во Гостивар се тестира и се уште не е за пиење
-

Каде е најевтино да го наполните резервоарот на Балканот?
-

Тема на денот со Драган Кочински, епидемиолог и раководител на Одделот за епидемиологија на заразни заболувања во ИЈЗ
-

Расте бројот на заразени со западно-нилска треска
