Македонија
13. May 2016 - 10:19

Еколошка акција во училиштата и градинките во Центар

Општина Центар ја започна акцијата за чистење на училиштата и градинките кои се на нејзина територија.

Се кастрат дрвјата, се коси тревата, се чисти ѓубрето и комплетно се уредуваат училишните дворови. Со специјална течност се дезинфицираат патеките и игралиштата.

Од општинското основно училиште “Ј.Х. Песталоци“, со камион се однесени пет тони отпад. По чистењето на основните училишта, веднаш почнува и чистењето на градинките.

Ова е редовна акција на општина Центар за чисти и уредени дворови на училиштата и градинките.