Македонија
20. November 2020 - 21:38

Екологистите го вклучија алармот за Охридското езеро

Екологистите го вклучија алармот, Охридското езеро се спушти на минимално дозволената кота. Лошата хидролошка состојба климатските промени , сушата  и несоодветното управување со водните ресурси на најголемото природно Езеро се едни од причините за ваквата состојба. Добрите познавачи стравуваат дека покрај директната закана по растителниот и животинскиот свет доколку продолжи да се намалува водостојот може да дојде и до повлекување на самиот кеј и оштетување на објектите.

Загрижувачка е сликата особено на градскиот кеј каде драстичното повлекување се забележува и со голо око а појавата на зелените алги во овој период од годината се најдобар показател дека езерото трпи поради намалената количина на вода.

Инаку Охридското Езеро иако е на листата на УНЕСКО како светско природно наследство, се уште се третира како акумулација чиј потенцијал се искористува за производство на електрична енергија.