Бизнис
15. November 2018 - 19:21

Еко-кредит од Шпаркасе банка за фотоволтаици од ЕВН

Финансиска поддршка за домаќинствата што ќе инсталираат фотоволтаици од ЕВН Македонија. Еко кредитна линија на Шпаркасе Банка ќе им помогне на тие што ќе одлучат да инвестираат во сопствено производство на електрична енергија. Максималниот износ е 20.000 евра за потрошувачки кредит, односно 50.000 евра за кредит со обезбедена гаранција.

“Средствата се обезбедени од кредитната линија на ЕБОР. Истата има и грант до 20% од инвестицијата, што значи дека преку грантот се финансира целокупната камата во времетраењето на кредитот”, изјави Глигор Бишев, претседател на УО на Шпаркасе Банка.

Вишокот произведена електрична енергија ќе се врати во мрежата и потоа на домаќинствата ќе им се компензира со струја што ја купуваат. Се очекува сличен проект и за помалите компании.

“Тоа што беше претходно возможно само за големите индустрии и за бизнисите, сега се обудиваме да го направиме достапно и за домаќинствата”, изјави Штефан Петер, претседател на УО на ЕВН.

Во Германија, на пример, повеќе од половина од домаќинствата произведуваат струја од фотоволтаици. А во однос на сончевите денови, Македонија е меѓу најповолните земји во Европа.