Еко-акција за собирање електронски и електричен отпад во Лисиче

Општина Аеродром во соработка со друштвото за управување со отпад „Нула отпад“ денеска организира еко-акција за собирање електронски и електричен отпад во населбата Лисиче.
Како што информираат од Општината, граѓаните ќе можат да се ослободат од опасниот отпад од домаќинствата од 12:00 до 14:00 часот во урбаната заедници „Лисиче“, кај старата продавница на Славија во трговскиот центар.
Под електронски отпад се подразбира статични и лаптоп компјутери, тастатури, глувчиња, кабли, звучници, слушалки, домашни телефони и мобилни телефони, МП3 плеери, монитори, телевизори, дигитални камери и видео-камери, принтери, скенери, факс-машини и стерео системи, додека под електричен отпад се подразбира шпорети, машини за перење облека и садови, греалки и грејни тела, микробранова печка, машина за правење леб, апарат за кафе, други апарати од домаќинство, како и клима-уреди.
Во претходните еко-акции за собирање електронски и електричен отпад во ноември и декември минатата година беа собрани вкупно 1.907 килограми опасен отпад.
Ново на Сител
-

Локализиран пожарот кај Јабланица
-

Турската бања во Прилеп стана опасност за граѓаните, делови од ѕидот секој момент може да се урнат
-

Родители бараат регионални стоматолошки центри за деца со попреченост
-

Превозниците бараат поврат на дел од акцизата за дизел
-

Тема на денот со Зоран Љутков, министер за култура и туризам
-

Обид за намалување на цената на горивата и ублажување на енергетската криза
-

ССМ: Поскапувањето во маркетите почна, излезете на протест за повисоки плати
-

Мицкоски: Македонија системски подобро реагираше по пожарот во Кочани од Швајцарија во Кран Монтана
