Еко акција на Тиквешко Езеро
Еко акција на Тиквешкото Езеро реализираше денеска Еколошкото друштво “Еко-живот” од Кавадарци. Ученици од неколку основни училишта и од кавадаречката гимназија, собираа отпад од брегот на вештачката акумулација, втора по големина во државата. Во акцијата се придружија и нуркачи од спелеонуркачкиот клуб “Врело”.
- Целта е да се подигне свеста за значењето на чистата животна средина. За учениците подготвивме исто така и игри, но и награди за највредните во акцијата за собирање на отпад, рече Роберто Паризов, претседател на друштвото.
Паризов нагласи дека и во иднина, како регионален еколошки центар и член на Движењето на екологисти на Македонија, ќе продолжат со вакви и слични активности. Истовремено повика на поголема грижа кон околината. Упати благодарност за поддршката до општината, јавното претпријатие “Комуналец” и компанијата “Кожувчанка”.
По завршувањето на акцијата, учениците испишаа табли со еко пораки, кои беа поставени на повеќе локации во близина на Езерото.
Ново на Сител
-
Пронајден гостиварец баран по потерница
-
На депонија во село во Новаци пронајдена неексплодирана граната од Првата светска војна
-
До вторник услови за слаб дожд и снег на планините
-
Германскиот претседател ги повика граѓаните да гласаат
-
Училиштата на Санторини, Иос, Аморгос и Анафи, поради земјотресите остануваат затворени уште една седмица
-
Утре пред Собранието законските измени за сметководителите
-
Истрага против дилер на марихуана во Тетово
-
Путин: Русија ќе ги зајакне своите воени капацитети