-->
-->
ЕКК: Трета победа за Алкалоид
-->

Шахистите на Алкалоид ја забележаа третата победа на Европскиот Клупски Куп, откако во дербито на 3.коло го совладаа Одлар Јурду од Азербејџан со 3,5:2,5.Најзаслужен за новите два бода на „фармацевтите“ беше велемајсторот Дмитриј Андрејкин кој победи со бели фигури на четвртата табла против Вугар Расулов, а на останатите пет табли се ремизираше.
Покрај Андрејкин со бели фигури од Алкалоид играа Евгениј Томашевски и Јангуи Ју, додека со црни беа Дмитриј Јаковенко, Јуриј Криворучко и Василиј Иванчук.
Победа во оваа рунда оствари и Гамбит Асеко со 4:2 против ХМЦ Калдер од Холандија, а Центар и Карпош загубија.
На врвот на табелата шест екипи имаат максимални три победи, а меѓу нив е и македонскиот шампион:
1.Сокар (Азербејџан) 15 (поени по табли),
2.Аве Нови Бор (Чешка) 15,
3.Алкалоид (Македонија) 14,5
4.Медни Всадник (Русија) 14,5,
5.Сибериа (Русија) 14,
6.Обиетиво Ризарчименто Падова (Италија) 12,5.
Од другите македонски екипи што учествуваат на овој куп, Гамбит Асеко е на 15.место со 4 бода и 10 поени по табли, Центар е 44-ти со 1 бод и 6 поени по табли, а Карпош е без бодови и 4 поени по табли.
Во женска конкуренција македонскиот тим Гамбит Асеко по три кола е на 3.место во конкуренција на 12 екипи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Путин одби да се сретне со Зеленски
-

Мицкоски на средби со претставници на стопански комори и градежни компани за реализација на капиталните инвестиции
-

Кошта: Одбројуваме до зачленувањето на Црна Гора во ЕУ
-

Мерц до Западен Балкан: Ве сакаме
-

МСПДМ: Поради значајна реформа во системот на социјална заштита, исплатата на правата ќе се реализира со неколкудневно задоцнување
-

„Гардијан“: ЕУ се обидува да покаже дека Западен Балкан не е запоставен на патот кон ЕУ
-

Унгарија подготвува реформи за деблокирање на речиси 17 милијарди евра од европските фондови
-

СЗО објави шестмесечен план за борба против ширењето на еболата
