Екипи на ЈП Комунална хигиена-Скопје во декември подигнале 1200 кубни метри отпад од диви депонии
Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на декември подигнале и транспортирале приближно 1200 кубни метри непрописно оставен отпад од јавни и сообраќајни површини на територијата на градот Скопје.
Како што информира јавното претпријатие, најголем број диви депонии се отстранети во скопските општини Чаир, Ѓорче Петров и Аеродром.
- Во текот на месецов, ЈП Комунална хигиена-Скопје бележи и голем број интервенции на таканаречените „црни точки“ каде што континуирано непрописно се остава отпад, лоцирани на булеварот „Никола Карев“ (Пластичарска улица) во општината Чаир, улиците „Ѓорче Петров“, „Лука Геров“, „Христо Батанџиев“ и „Македонска војска“ во општината Ѓорче Петров, улицата „Васил Чакаларов“ во општината Карпош и улицата „Димо Хаџи Димов“ во општината Кисела Вода, информира ЈП Комунална хигиена-Скопје.
На овие локации секојдневно се реализираат и интервентни патролни дежурства од страна на Еко-патролата на ова јавно претпријатие, кое во текот на декември изготвило и врачило вкупно 29 едукативно-информативни записници за граѓани и правни субјекти што биле затекнати при прекршување на Законот за јавна чистота.
Ново на Сител
-
Двајца велешани физички нападнале жител на Чашка и го оштетиле возилото во кое се превезувал
-
МВР: Фатен бегалец од КПУ Затвор Идризово
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и затајување против началник во МВР
-
Кривична пријава против битолчанец за кражба на дрва
-
Си префрлила 396.234 денари од компјутерот на слот машини за да се коцка, кривична за 28-годишна Кочанка
-
Кривична пријава против двајца Турци за фалсификување исправа
-
Нови два случаи на Ковид-19, во 2025 вкупно 13 заболени
-
Четворица обвинети за инцидентот со пукање со пиштол во Чаир во кој едно лице беше рането