ЕК за концертот на Томсон: Го осудуваме секој израз на фашизам, членките на ЕУ да го казнат говорот на омраза
Европската комисија по повод неодамна одржаниот концерт на Марко Перковиќ Томсон, познат по истакнувањето на усташка симболика во своите песни и настапи, денеска соопшти дека остро го осудува секој израз на фашизам кој потсетува на најмрачните периоди од европската историја.
Комисијата потсети и дека земјите членки на Европската Унија се обврзани кривично да го санкционираат говорот на омраза.
Ова е одговорот на ЕК на хрватскиот портал Индекс, на прашањето како реагира на извикувањето на поздравот „За дом спремни“ на концертот на Томсон и на друга усташка симболика која со песни и симболи ја истакнуваа некои од посетителите на концертот одржан во Загреб, но и на изјавата на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ кој по концертот го бранеше изворно усташкиот поздрав „За дом спремни“ со зборовите дека тоа е „интегрален дел од репертоарот на Томсон“ и оти „сите мора да бидеме горди на концертот“.
-На ниво на ЕУ постои Рамковна одлука за борба против расизмот и ксенофобијата, со која земјите членки се обврзани кривично да го санкционираат говорот на омраза. Тоа вклучува јавно поттикнување на насилство или омраза кон поединци или групи врз основа на раса, боја на кожа, вера, потекло или национална односно етничка припадност, наведува ЕК во соопштението.
Се потсетува дека земјите членки се обврзани кривично да го гонат и јавното одобрување, негирање или грубо намалување на злосторства како што се геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства.
-За секоја поединечна пријава за говор на омраза или злосторства од омраза надлежни се националните власти, кои се должни да постапуваат во согласност со националното законодавство со кое ја презеле оваа Рамковна одлука, наведува ЕК.
Марко Перковиќ Томсон е познат по глорифицирањето на усташтвото во своите песни и настапи, на кои често го извикува „За дом спремни“, официјален поздрав во нацистички ориентираната Независна Држава Хрватска и кој се смета за еквивалент на нацистичкиот повик „Зиг хајл“.
Концертите на Томсон досега беа забранети во Холандија, Германија, Швајцарија и Словенија, држави кои го опишуваат како промотор на неонацизмот и усташтвото.
Ново на Сител
-
На аеродромот во Атина откриени 500 килограми дрога Кат во вредност од 1,5 милиони евра
-
ФСБ спречила обид на украинските служби да активираат автомобил - бомба на Кримскиот мост
-
Кина постави обемен ВИ-модел на Кинеската вселенска станица
-
ПОЦ: Минатата недела санкционирани се 103 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар
-
Поведена постапка против осум лица за масовната тепачката на „Славеј Планина” во Скопје
-
Зеленски се надева дека заедничката сила на Украина и Западот ќе ја присили Русија на мир
-
ФИФА има намера да го прошири форматот на Светското клупско првенство
-
Армијата го слави 33. роденден со свеченост во касарната во Штип