ЕК за денеска потврди нова рунда преговори меѓу Белград и Приштина
По неуспешната лидерска средба меѓу Србија и Косово на почетокот на неделава, денеска ќе има нов обид за излез од кризата на ниво на шефовите на преговарачките тимови.
Европската комисија потврди дека за денеска ги поканила двете страни на ниво на шефовите на преговарачките тимови во Брисел.
Приштина и Белград во понеделникот не успеаја да се договорат за решение за регистарските таблички за Србите на северот на Косово. Неколку часа подоцна, по интервенција на САД, Приштина сепак прифати да го одложи стапувањето на сила за 48 часа.
Во меѓувреме тензиите ризикуваат да избувнат повторно доколку не се изнајде решение итно.
Поради тоа Брисел, во рамките на Дијалогот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина денеска итно ги повика преговарачите.
Портпаролот за надворешни работи, Петер Стано, изјави дека добиле потврда од страна на Белград и Приштина дека ќе дојдат на новата рунда, и состанокот треба да се одржи денеска.
-Целта е да е најде излез во европски дух, средбите на шефовите на преговарачките тимови обично се проследени со средби на високо ниво ако шефовите успеат да се договорат за нешто, рече Стано.
Тој потсети дека средбата меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер, Албин Курти, не даде резултати во понеделник и повика уште еднаш на “европско однесување“.
Ново на Сител
-
Дарко Каевски тврди дека не е виновен
-
Турција ја одобри екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава