Бизнис
11. May 2017 - 12:35

ЕК: Умерен раст на македонската економија поради политичката криза

Раст од 2,9 проценти на македонската економија за оваа година и раст од 3,2 отсто на БДП за 2018 година, предвидува Европската комисија во пролетната економска прогноза што денеска ја објави неформалната влада на Европската унија, јави дописникот на МИА од Брисел.

Според ЕК, лани во Македонија забавил растот и стигнал до само 2,4 отсто на БДП, како резултат на долготрајната политичка криза. Токму затоа се умерени и прогнозите за годинава, иако и на ниво на цела Европска унија, во однос на економскиот раст, прогнозата е дека годинава истата ќе изнесува 1,7 проценти годинава, односно 1,8 отсто догодина.

Од поединечните земји-членки на ЕУ, Малта со 4,6 проценти на БДП се очекува да има најголем економски раст, а по неа следуваат Луксембург и Романија со по 4,3 отсто раст на БДП и Ирска (4,0%). Догодина, пак, најголем економски раст се очекува да имаат Малта и Луксембург (по 4,4% на БДП). Со оглед на тоа што сите ЕУ-земји се очекува да бидат надвор од рецесија периодов, најмал економски раст за оваа и наредната 2018 година се очекува да има Италија (0,9% за 2017 година и 1,1 отсто за 2018 година).

Она што е најважно за Македонија, а го потврдува и Еврокомисијата е дека лани, невработеноста во земјата паднала на рекордни 23,7 проценти и дека доколку се продолжи со истото темпо, таа ќе достигне 20 отсто во 2018 година, што споредено со 38-те проценти во 2006 година е намалување од 18 проценти. Во однос на невработеноста на ниво на Европска унија, се очекува годинава да изнесува осум проценти. Притоа, од поединечните членки на Унијата, најмала стапка на невработеност оваа година се очекува да има Чешка (3,5%), додека најголема стапка, очекувано се очекува да има Грција (22,8%), а догодина да имаат 21,6 проценти невработнеи, со што јужниот сосед на Македонија би ја претркал нашата земја во ова категорија.

- Европа влегува во својата петта година по ред на раст, поттикнат од приспособливата монетарна политика, робустниот бизнис и довербата на потрошувачите, односно подобрувањето на светската трговија. Добра вест е дека превисоката неизвесност која е карактеристика на изминатите дванаесет месеци започна да олабавува, изјави денеска еврокомесарот за економски и финансиски прашања, Пјер Московиси.

Со наслов „Економското закрепнување се повеќе загрозено од политичките пречки“, Еврокомисијата во својата пролетна економска прогноза за Македонија потенцира дека „растот на БДП забави значително во 2016 година откако опаднаа инвестициите“. Комисијата наведува дека економските фундаменти за зајакнување на домашната побарувачка и извозот останале звучни во Македонија, но дека „негативните ризици на позитивниот аспект произлегоа од трајната политичка криза со оглед на тоа што институционалните капацитети за спроведување на структурни реформи се попречени, а стабилизацијата на долгот останува неостварлива во поглед на одржливите фискални дефицити и потребите за задолжување на јавните претпријатија“.
 
Понатаму, Брисел за Македонија посочува дека „економската експанзија забави во 2016 година, со оглед на тоа што инвеститорите чекаат крај на политичкиот ќор-сокак“. Во овој контекст се наведува дека погоден од влошувањето на инвестициската клима, растот на БДП значително се намалил во 2016 година на 2,4 проценти од предвидените 3,8 отсто во 2015 година. Експанзијата е управувана од страна на приватната потрошувачка и извозот, а вкупната инвестиција се намалила за 4,3 проценти, со оглед на тоа што според Еврокомисијата, бизнис-довербата во Македонија била исфрлена од долготрајната политичка криза, која, исто така ја ограничила способноста на Владата за спроведување на јавните инфраструктурни проекти.
 
- Надворешната рамнотежа направи мал позитивен придонес кон зголемување на извозот и покрај забрзаниот раст на увозот. Поткрепено со продолжените програми спонзорирани од Владата, создавањето на работни места остана динамично, па стапката на невработеност падна и покрај намалувањето на работната сила, велат во прогнозата од Брисел.
 
Цврсти основи за домашната побарувачка и надворешен сектор воден од балансирано обновување, наведува ЕК за Македонија и посочува дека се очекува реален раст на БДП повторно оваа и следната година, со тоа што годинава ќе изнесува 2,9 проценти, а дека догодина ќе нарасне на 3,2 отсто од Бруто-домашниот производ. Според Комисијата, економијата, најверојатно, ќе има корист од зацврстување на домашната побарувачка и робустниот пораст на извозот.
 
- Вработувањата веројатно ќе се зајакнат уште повеќе, со седиште во голема мера во програмите во јавниот сектор, но со побавно темпо со оглед на зголемената несигурност во деловното опкружување.Расположливиот доход е проектиран да се зголеми, со цврст раст на реалните нето-плати и зацврстување на приливите од приватните трансфери, откако политичката ситуација ќе нормализира, се вели во прогнозата за Македонија.
 
Според Еврокомисијата, растот на извозот ќе остане стабилен во Македонија, благодарение на воспоставените странски инвеститори кои го засилија производството во неодамна проширените капацитети.Растот на увозот се претпоставува дека ќе остане неисполнет, како резултат на тоа што плановите за нови производствени капацитети се ставени во мирување.
 
Трговскиот биланс на стока е поставен да се подобри уште повеќе, воден од очекуваното стеснување на дефицитот на тековната сметка, што ќе остане покриен со приливот на странски директни инвестиции.Со зацврстување на цените за увоз на енергија и суровини за трошоците за храна и за домаќинство, потрошувачките цени се очекува да се зголемат, но умерено. Услови за проширување на корпоративните кредити се позитивни во Македонија, се влеи во прогнозата, но само ако довербата на инвеститорите биде реставрирана, а ликвидноста на банките и остане висока.
 
Комисијата прогнозира дека „предвидувањата за ризици од надолна линија преовладуваат“ за македонската економија, па се наведува дека „овие проекции зависат од решението за политичката криза, што негативно влијае на домаќинствата и довербата на потрошувачите и ја ограничува способноста на Владата да ги спроведе многу потребните структурни реформи и да изврши капитални расходи на буџетот“.
 
- Инвестициите и приватната потрошувачка може да бидат попречено од помалиот прилив на странски директни инвестиции и на приватни трансфери. Економската експанзија се повеќе зависи од производството на етаблирани странски компании (речиси половина од вкупниот извоз потекнува оттаму во 2016 година), а прелевањето на ефектите на домашните компании останува ограничено. Ова претставува ризик за одржливост на високите стапки на раст - се наведува во прогнозата на неформалната Влада на Европската унија за Македонија.
 
Исто така, Еврокомисијата наведува дека Македонија има поставено преотпимистички цели за дефицитот во однос на фискалната политика. Па, така, на предвидениот економски раст од 2,6 проценти, владиниот дефицит останал во голема мера под ревидираната цел од 4,0 отсто во 2016 година, додека Владата силно се воздржала од капиталните расходи.Ова, според ЕК било делумно одговор на законските ограничувања на јавните инвестиции поради изборите.
 
Оваа и следната година, фискалната политика се очекува да продолжи со поддршка на домашната побарувачка во Македонија, иако среднорочната стратегија предвидува понатамошно зголемување на социјалните трансфери и значителни гасоводни инфраструктурни проекти, кои би требало да се извршат до 2019 година. Според Комисијата, како што постои широк консензус на овие приоритети, нема значителни фискални ограничувања во однос на сегашните проекции и во случај на нова Влада.
 
- За да стигнат до целните нивоа на дефицит од 3,0 проценти оваа година и на 2,6 отсто од БДП во 2018 година, според планираните зголемувања на расходите, Владата очекува значителен пораст на јавните приходи, врз основа на силниот економски раст. Сепак, предвидените зголемувања на приходите се оптимистични во поглед на исходот од 2016 година, па можеби ја изложуваат на ризик повторната реализација на капитални проекти, па во средината на годината, можеби ќе биде неопходен ребаланс на буџетот - се вели во пролетната економска прогноза за Македонија.
 
На крајот во економската прогноза за Македонија, Европската комисија наведува дека големите фискални ризици го загрозуваат стабилизирањето на долгот на Македонија. Според тоа, постигнување на фискалните цели останува неизвесно додека Владата не ги дефинира конкретните мерки за поддршка на консолидацијата. Исто така, се вели дека државните компании позајмувале за да се извршат јавните инфраструктурни проекти, потребите за финансирање на јавниот сектор, според Комисијата може да стане потешко да се задоволи и истото може да бара повисоки трансфери од државниот буџет.
 
- Владата веќе се соочува со умерено зголемувањето на каматните трошоци. Ваквата динамика може да се хранат во одржливи фискални дефицити, но и да водат до уште поголем пораст на јавниот долг. Но, од позитивна страна, структурата на јавниот долг е подобрена, со ублажување на превртувањето и на девизните ризици. Потребата за финансирање на многу потребната инфраструктура и да се рефинансираат претстојните отплати, додека стабилизирање на долгот ќе остане голем предизвик, стои на крајот на пролетната економска прогноза на Брисел за Република Македонија.