-->
-->
ЕK со осуда за заканите на новинарката на „Курир” од страна на активист на СДСМ
-->
Европската комисија денеска ги осуди заканите по животот на новинарка на македонскиот интернет-портал „Курир” и нејзиниот петгодишен син од страна на активист на опозициската СДСМ, јави дописникот на МИА од Брисел.
Повикувајќи се и на забелешките за слободата на медиумите во последниот прогрес-извештај, портпаролката на неформалната Влада на Европската унија, Маја Коцијанчич, порача дека „Брисел осудува заплашување и малтретирање на новинари, без оглед на тоа од кои кругови тие доаѓаат”.
- Европската комисија придава големо значење на почитувањето на слободата на изразување и слободата на медиумите. Како што е наведено во извештајот за напредокот, посебно во оној за вашата земја, Европската комисија осудува заплашување и малтретирање на новинари, без оглед на тоа од кои кругови тие доаѓаат. Ова е нешто на кое е посветивме во препораката за БЈР Македонија каде Еврокомисијата ги охрабрува сите, посебно Владата и медиумите да работат посилно за да се подобри медиумска култура во земјата, порача портпаролката Коцијанчич на денешната прес-конференција во зградата на ЕК во Брисел.
Како што е познато, извештајот за Македонија и делот за медиумите предизвика реакции од дел од новинарските асоцијации и кругови од Македонија, поради тоа што селективно беа издвоени само нападите и заканите за „новинари” од про-опозициски медиуми, но не и напади на опозициски активисти врз новинари поради нивни јавно искажани ставови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Палевски побара изземање на обвинителката Крстевска и целото ОЈО, судењето одложено за 3 февруари
-
Приведен криминалец кој бил осуден на затворска казна од 11 години
-
Челси го комплетираше најскапиот трансфер во женскиот фудбал
-
Евертон заинтересиран за Артур Мело
-
Бруклин го повлече дресот со број 15 во чест на Винс Картер
-
Анчелоти: Првенството е предолго за да се мисли дека се е готово
-
Консеисао нема проблеми по инцидентот во Калабрија: Не сме во црква, ова е фудбал!
-
Зверев: Очигледно не сум доволно добар за да освојам Гренд слем трофеј