ЕК предлага распределба на 54.000 бегалци меѓу земјите членки на ЕУ
По договорот од петокот меѓу ЕУ и Турција, Европската комисија денеска усвои предлог за спроведување на одлуката за преместување на луѓе, кои имаат потреба од меѓународна заштита од Италија и Грција, со што 54.000 лица кои беа предвидени за преселба, сега ќе станат дел од за целта на повторното населување на Сиријци од Турција во ЕУ.
Како што јави дописникот на МИА од Брисел, овој предлог на Еврокомисијата е во согласност со потребата да се ослободат и други места за преселување од Турција, по договорот од петокот за префрчање по еден сириски бегалец од Турција, за секој вратени илегален имигранти од Грција на турска територија.
Договорот за решавање на бегалската криза, што го постигнаа ЕУ и Турција минатата недела предвидува размена „еден за еден“ со цел брзо да се спречи илегалниот проток на мигранти, кои патуваат во опасни услови низ Егејското Море, со уреден и правен процес на раселување.
- Со договорот постигнат со Турција во петокот, ние им нудиме на барателите на азил веродостојна алтернатива од ставањето на својот живот во опасност по опасните поморски патишта и сега земјите членки треба да си ги извршат своите обврски и да се обезбедат уредно, успешно и безбедно за прифаѓање и прием во Европа на лицата од Турција со потреба од меѓународна заштита, истакна еврокомесарот за мигрциски прашања Димитрис Аврамопулос.
И покрај договорот во петокот и денешниот предлог на Еврокомисиајта, миграцијата од ТУрција и Грција што требаше да заврши во текот на вчерашниот ден, сепак не е запрена, а доказ за тоа е преминот на нови 1.600 бегалци и мигранти од Турција во Грција преку Егејското море.
Со цел шемата за преселба на бегалци да биде успешна, ЕК предлага земјите членки на Унијата да мора да обезбедат доволен број места за преселување, во рамки на нивните постоечки обврски.
Денешниот предлог се очекува да ја измени одлуката на релокација и да им овозможи на земјите членки да ги исполнат нивните хуманитарни обврски и да обебзедат Сиријците директно да пристигнуваат на нивните територии од Турција. Бројот на раселени Сиријци ќе бидат одземени од квотите за прераспределба на бегалците меѓу земјите членки договорени претходно.
Инаку, денешниот предлог на ЕК ја надополнува постоечката шема на ЕУ за преселување на 22.504 луѓе, што беше објавена во јули 2015 година, од кои остануваат на располагање 18.000 места. Користењето на постоечките заложби за релокација заради преселување е целосно во согласност со постојната политика на Комисијата, со оглед на тоа што овие напори се конкретен израз на солидарност меѓу членките на ЕУ и „трети земји“ што се соочуваат со масовен прилив на мигранти.
Ново на Сител
-
Експерти: ДИК не смее да усвојува правилник за изборите
-
Тема на денот со Борис Кондарко - Претседател на ДИК
-
Опозицијата бара кривична одговорност за началникот, Мицкоски вели ако се огрешил ќе одговара
-
Мицкоски контра Меџити - Убивањето на безбедносните сили од заседа во 2001 не може да е разумно
-
Упатство на ДИК за независните ќе биде без број на потписи и без заверка од нотар
-
Општините потрошиле рекордни 190 милиони евра преку тендери
-
Не исправна е одлуката на министерот за одземање на ингеренциите на Стоматолошката комора тврди претседателот
-
1.118 матуранти неделава повторно на „жешките“ столчиња