ЕК подготвена да казнува организации чии вработени се однесуваат непристојно
Европската комисија денеска предупреди дека е подготвена да го прекине финансирањето на партнерските организации, чии вработени се вмешани во непристојно однесување.
Ставот на ЕК доаѓа по информациите дека вработени од британската хуманитарна организација „Оксфам“ најмувале проститутки на Хаити и Чад. Комисијата прецизира дека од 2011 година „Оксфам“ добила 1,7 милиони евра од Европската Унија за своите активности на Хаити.
- Подготвени сме да разгледаме и по потреба да го прекинеме финансирањето на секоја партнерска организација која не одговара на неопходните високи етички стандарди, соопшти портпарол на ЕК.
Тој дополни дека ЕК очекува нејзините партнери да ги почитуваат строгите етички и професионални правила на однесување.
- Немаме толеранција за случаите на обвиненија за недостојно однесување во организации, кои добиваат финансии од нас, додаде портпаролот.
Според него, се уште не е познато дали вработените од „Оксфам“ ги плаќале проститутките со средства од ЕУ и побара итно разјаснување на случајот.
„Оксфам“ е хуманитарна организација за борба против гладта, основана во 1942 година. Британските медиуми, неодамна информираа дека нејзини членови повторно биле откриени во непристојно однесување без да бидат соодветно казнети.
Ново на Сител
-
Привршува судењето за убиствата на Вања и Панче, завршни зборови на 2 јуни
-
Шефицата на Европската дипломатија Каја Калас во петок во Скопје
-
Македонија домаќин на 2200 војници од НАТО вежбата „Брз одговор 2025“
-
Форум: Мали држави - Големо влијание
-
Арсовска „фати“ дивоградба во Чаир
-
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да не крие информации за златната виза
-
Преглед на вестите од светот
-
Лицата на приматели на семејна пензија можат да работат