ЕК: Неисполнување на критериумите може да доведе до укинување на безвизниот режим
Европската Комисија не го коментира случајот со фалсификуваните пасоши од Северна Македонија, но потсетува дека редовно врши ревизија на критериумите за безвизен режим, јави дописничката на МИА од Брисел.
Откако се појавија шпекулации во јавноста дека Северна Македонија би можела да го изгуби безвизниот режим со ЕУ поради фалсификуваните пасоши во МВР, од Европската Комисија потсетуваат дека безбедноста на личните документи е клучна.
-Она што можеме да го кажеме е дека прашањето за безбедноста на документите е еден од условите за либерализација на визниот режим, според кој земјите ослободени од визи имаат обврска да ги усвојат и имплементираат соодветните административни мерки, одговорија за МИА од портпаролската служба на Европската Комисија.
Оттаму додаваат дека исполнувањето на условите за слободен визен режим се под постојан надзор, а до Парламентот и Советот секоја година се доставува извештај за состојбата со овие критериуми за секоја земја која е ослободена од визи со ЕУ.
-Врз основа на овие извештаи, Европската Комисија дава препораки. Неисполнувањето на условите може да биде основа за активирање на механизмот за суспензија на визите, но суспензијата на изземањето од визи не е автоматски процес. Комисијата мора да ги земе предвид сите можни последици од суспензија на визното изземање за надворешните односи на ЕУ и на нејзините земјите членки како и за ситуацијата со човековите права во земјите кои не се членки на ЕУ, дообјаснуваат од Европската Комисија.
Оттаму до моментот на објавување на оваа вест нема конкретен одговор дали било кои од критериумите за слободен визен режим е загрозен по аферата со фалсификуваните пасоши во Северна Македонија, МИА ќе објави дополнителни детали штом ги добие од Европската Комисија.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-

75 годишна жена почина - Возачот побегнал откако ја прегазил во центарот во Скопје
-

Филипче не се откажува од техничка Влада, Мицкоски пак, не се откажува од лидерска средба
-

Обвинителката Ленче Ристоска бара извинување од премиерот Мицкоски, од Влада велат дека се зачудени
-

Во недела ќе се бира градоначалник во четири општини
-

На располагање сите човечки и материјални ресурси
-

Зголемен број на пациенти со грип на инфективна после нова година - Едно лице е во критична состојба
-

Лажен лекар успеал со измама да „заработи“ близу 20 000 евра
