ЕК не негира дека во Луксембург ќе се дискутира за ,,жешки точки‘‘ за мигрантите и во Македонија и Србија
Министрите за внатрешни работи на земјите-членки на Европската унија е можно на 8-ми идниот месец да им предложат отворање на жешки точки за прием и регистрација на бегалци, па дуи и влез во распределбата на истите и на земјите од Западен Балкан, меѓу кои и Македонија. Имено, на Балканската конференција за бегалската рута, за која ќе се разговара идниот месец на Советот на Унијата во Луксембург, според портпаролката на Европската комисија, Наташа Берто, сите опции ќе бидат на маса.
- Една од работите што веќе е на маса е листата на безбедни земји по потекло за земјите од Западен Балкан и за ова ќе се дискутира со нив. Во однос на други предлози што ќе дојдат во рамки на европската агенда за миграција, мислам дека ви се познати сите. Ние се што имаме ќе ставиме на маса. На оваа конференција ќе се обидеме да разговараме со земјите од Западен Балкан за да видиме како на нив ќе можеме исто така да им помогнеме.
Единствено сигурно е дека ЕУ-шефовите на полиции на состанокот на 8-ми идниот месец ќе ја усвојат листата на безбедни земји по потекло со сите држави-кандидати за членство, меѓу кои и Македонија, со што баратели на азил од нашата земја по итна постапка ќе бидат одбивани во иднина, бидејќи Брисел ќе ја смета Македонија за безбедна земја.
Минатата недела, ние исто така рековме дека ќе ја зголемиме паричната и финансиска поддршка што ќе ја дадеме за овие земји. На оваа конференција ќе истражиме низ дијалог со нив што уште можеме да сториме за тоа. Но, засега немам листа на нови предлози за да ви ги дадам.
-

Бобан Нонковиќ
Сите содржини од овој новинар
