ЕК не гледа проблем во албанската платформа, сака брзо формирање влада
Европската комисија (ЕК) не гледа проблем во т.н. албанска платформа што ја иницира премиерот на Албанија Еди Рама, давајќи им ја на партиите на Албанците во Македонија и која ги закочи преговорите за составување на нова Влада.
На прашање за реакција на ЕК за вмешувањето на премиер на соседна држава во внатрешно-политичките односи во Република Македонија со наметнување на решенија кои уште повеќе ја подгреаја политичката криза во земјата, портпаролката на ЕК Маја Коцијанчич со одговор: - „Како што постојано говориме, ние не шпекулираме за составување на владата и програмата во ПЈР Македонија. Но, ние очекуваме, а тоа е случај од одржувањето на изборите, брза формирање на нова влада, која ќе има широка политичка поддршка и која силно ќе биде посветена на европските реформи и на имплементирање на сите делови од договорот од Пржино и на Итните реформски приоритети. Ова е многу јасна позиција и ова е тоа што го очекуваме и кое со нетрпение го очекуваме“, изјави Коцијанчич.
На реакцијата дали официјален Брисел поддржува вмешување на странски премиери во внатрешни работи на друга држава, Коцијанчич ја повтори истата изјава и заедно со главниот портпарол на Еврокомисијата, Маргаритис Схинас, констатираа дека „се е кристално јасно“.
Ново на Сител
-
Филипче: Продолжува борбата за европската интеграција
-
Охрид полн со гости за Илинден
-
Министри во трка за локалните избори
-
Преглед на вестите од светот
-
Meџити официјално е кандидат за Чаир, од ВРЕДИ ниту денеска не потврдија каде живее
-
Тема на денот со Бујар Османи
-
ВРЕДИ одлучи за првите кандидати
-
Совет за безбедност: Безбедноста е стабилна, пожарите под контрола, остануваме посветени на реформската агенда