ЕК: Малта да не ги затвора своите граници за невакцинираните
Европската комисија сака да ја убеди Малта да се откаже од одлуката да ги затвори своите граници за невакцинираните против Ковид-19, изјави денеска еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс.
Малта објави во петокот, како прва таква земја во ЕУ, дека ќе ги затвори своите граници за невакцинираните патници, убедена дека на тој начин ќе го запре новиот бран на инфекција со коронавирус.
Рејндерс потсети дека ЕУ воведе ковид сертификати со кои треба да се усогласат сите земји-членки.
– Имаше две одлуки: сертификатот кој го воведовме и кој им е наметнат на сите европски земји како доказ за состојбата со вашата болест. Покрај тоа, постои и препорака усвоена од сите 27 земји-членки, која поаѓа од идејата дека овој „пасош“ е доволен сам по себе, освен ако не се влоши епидемиолошката состојба, објасни еврокомесарот.
Тој нагласи дека „затоа ќе разговараме со Малта да продолжи да го признава ПЦР тестот. Според процентот на инфекција со делтата сојот, … нормално е да се преземат мерки, тестови и изолација, но не и забрана за патување“.
Малта во петокот најави дека од оваа среда ќе им забрани влез на сите невакцинирани посетители. Негативен тест на Ковид-19 повеќе нема да биде доволен за да се премине границата на овој мал медитерански остров со околу половина милион жители.
Францускиот министер за европски прашања Климент Бон вчера ја нарече одлуката на Малта да не ги признава ПЦР тестовите „спротивна на правилата“.
Ново на Сител
-
Опасност од нови силни врнежи: Жителите на Валенсија повикани да останат во своите домови
-
Новинарка во Скопје добила закани на социјалните мрежи
-
Пријава за сомнение за киднапирање на дете
-
Четворица мртви и 17 повредени во верижен судар во Мичиген
-
Силен земјотрес од 5,2 степени го погоди Халкидики
-
Орбан: Победата на Трамп ќе ја натера Европа да ја преиспита поддршката за Украина
-
Мајка пријавила во полиција обид за грабнување на нејзината тригодишна ќерка
-
Ембер и Зверев во финалето на Мастерсот во Париз