ЕК ќе ја презентира Стратегијата за Западен Балкан, преговори со Македонија во 2019

Високиот комесар на Европската унија за заедничка надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан денеска ќе ја презентираат Стратегијата на Европската комисија за Западен Балкан.
Могерини и Хан ќе ја објават Стратегијата за кредибилната перспектива за проширување кон Западен Балкан, во која се предупредува на две важни прашања, кои се однесуваат на целиот регион, а кои треба да се решат пред пристапувањето на која и да е земја во ЕУ: дијалогот меѓу Србија и Косово и билатералните спорови.
Во најновата верзија на Стратегијата за Западен Балкан, се наведува дека земјите од регионот ќе станат членки на ЕУ, „но не во состојбата во која се наоѓаат денес“.
Црна Гора и Србија и натаму се идентификуваат како лидери во регионот, па нивниот прием во ЕУ се предвидува до крајот на 2025 година, со тоа што пристапните преговори би завршиле во 2023 година. Истата година, кога лидерите во регионот ќе ги завршат преговорите, се предвидува почеток на процесот со Босна и Херцеговина.
Македонија и Албанија се очекува да ги почнат преговорите во 2019 година.
Крајот на 2019 година е рокот до кој Србија и Косово би требало да постигнат договор за сеопфатна нормализација на односите.
Делегацијата на ЕУ во земјава ќе организира директен пренос на прес-конференцијата, по која на новинарите ќе им се обрати амбасадорот на ЕУ, Самуел Жбогар.
Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи вчера изјави дека Македонија очекува во Стратегијата да добие јасна европска перспектива, но и можност да го достигне рокот заедно со Србија и Црна Гора во 2025 година да стане дел од Унијата.
Според него, треба да се има предвид дека Македонија има најголемо искуство во овој процес, најдолго е во овој процес и во реалноста има постигнато многу во смисла на хармонизација со европската легислатива и во исполнување на критериумите.
Официјално документот што денеска ќе биде презентиран во Стразбур, на македонските власти ќе им биде доставен од евроамбасадорот Жбогар.
Ново на Сител
-

Николоски: Првите 30 електрични автобуси ги очекуваме во декември или јанаури
-

Иран повтори дека планира да наплаќа за минување низ Ормуската Теснина
-

Регистрирани 15 пожари на отворено - седум се изгаснати, шест се активни, а два се под контрола
-

Зајакната акциска контрола на МВР - санкционирани 60 возачи кои управувале возило под дејство на алкохол
-

Земјотрес од 7,4 степени во Колумбија, најмалку 20 загинати
-

МЗ: Во Гостивар здравствениот систем реагираше навремено, здравјето на граѓаните не смее да биде предмет на политички пресметки
-

Во текот на изминатото деноноќие 15 лица uapseni поради безобѕирно управување моторно возило
-

Побарал возило на заем од познаник, наместо да го врати кажал дека е дефект и го продал на друго лице
