ЕК ја следи состојбата со коронавирусот

За сега нема потврдени случаи од заболени од кинескиот коронавирус во земјите на Европската Унија, но Комисијата од блиску го следи развојот на настаните, изјавија денес прес службите на ЕК.
-Во соработка со земјите членки од блиску ја следиме ситуацијата со неколку случаи на пневмонија, за сега потврдени случаи има во Кина, Тајланд, Јужна Кореја и Австралија, имаше состанок на 17 јануари 20 земјите членки на кој се разговараа можни мерки но Европската Комисија ќе организира уште еден состанок деновиве откако проценката за ризикот биде објавена, изјави портпаролот на ЕК задолжен за здравството.
Европската Комисија не одговори да има доверба во информациите кои и ги даваат кинеските власти, но рече дека состојбата се следи и преку други канали, не само официјалните кинески.
Светската здравствена организација засега не препорача рестрикции врз патувањата во Кина, но се советува да се ограничат контактите со одредени животни и да се консумира само добро пржено месо.
Речиси 300 лица се заразени од овој вирус од крајот на декември до денеска, од кои шест лица починаа. Најголемиот број заболени лица се наоѓаат во централна Кина, првото лице почина на 11 јануари.
Ново на Сител
-

Царина разоткри шверц на 70 милиони парчиња цигари, оштетен државниот буџет за над шест милиони евра
-

Пецов - Ѓаволот призна вина, доби две години условнa
-

Стручна комисија утврди - нема лекарска грешка во третманот на родилката од Струмица
-

Серија средби на Мицкоски во Њујорк
-

Пратенички прашања во Собранието
-

Платформата „12.05“ подготвува опозициски фронт со СДСМ, но без ова раководство со Филипче
-

Возила на пазарна скапуваат по депоата на „Пајак“ оти Инспекторатот нема паркинг
-

Расте кредитирањето од небанкарски финансиски институции
