ЕК им предложи на земјите-членки да го „откупат“ одбивање прием на мигранти
Европската комисија им ја предложи денеска можноста на државите-членки, кои ќе одлучат времено да не примаат мигранти, да плаќаат по 250 илјади евра за одбиен мигрант.
Овој предлог е дел од измените на извештајот од Даблин. Според предложените измени отсега земјите од ЕУ, во кои мигрантите прво пристигнале ќе треба да ги разгледаат барањата за азил.
ЕК предлага и праведно раселување на мигранти во други земји од Унијата, кога некоја држава-членка ќе биде погодена од прекумерен прилив на мигранти. Проценката на тоа дали одредена земја е „прекумерно зафатена“ од прилив на мигранти ќе се се одредува според бројот на локалното население и животниот стандард.
Велика Британија и Ирска повторно имаат право да не ги применуваат измените, доколку тие бидат усвоени.
Ново на Сител
-
Бошков: Доцнењето со оперативниот план втурна 10.000 лица да работат на црно
-
Преглед на вестите од светот
-
ГП Богородица: Колони за излез од Македонија
-
Мисајловски НАТО - Брисел
-
Наумоски - поголема заштита на рибниот фонд
-
Преглед на вестите од светот
-
Рекорден пад на невработеноста, но расте и бројот на вработени на црно
-
Тема на денот со Павле Трајанов, лидер на Демократскиот сојуз