ЕК: Екомскиот раст на Македонија годинава 1,7 отсто, догодина 2,7
Европската комисија во најновиот есенски економски извештај предвидува дека Македонија годинава ќе ја заврши со економски раст од 1,7 отсто.
Во извештајот се вели дека економските движења и инвестициите во првото полугодие се намалиле поради продолжената политичка криза, но, како што се наведува, со новата Влада која дојде во јуни и која најавува дека е посветена на спроведување структурни и фискални реформи и поддршка на домашната побарувачка и вработувањата, се очекува интересот на инвеститорите да се врати, а економската активност да зајакне.
За наредната година ЕК прогнозира раст на македонскиот БДП од 2,7, а во 2019 година од 3,2 отсто. Се предвидува и натамошен раст на вработувањето и намалување на стапката на невработеност догодина на 21,4, а во 2019 на 21 отсто.
ЕК има оптимистички прогнози за развојот на македонската економијата и очекува на растот на БДП најмногу да влијае домашната побарувачка и потрошувачка. Позитивно влијание ќе има и зголемувањето на минималните плати, како и јавните инвестиции.
Економскиот раст, според ЕК, може повторно да биде забавен во случај на повторно влошување на политичката ситуација која, како што оценува, останува кревка, но сепак, ризикот за тоа сега е многу помал отколку во првата половина од годинава.
Европската комисија нотира и дека Владата планира значителен раст на економијата на среден рок и воведување активни мерки на пазарот на труд, како и натамошна фискална консолидација.
Фискалната одржливост може да биде загрозена ако Владата ги зголеми трошоците за субвенции и плати без истовремено спроведување на трајни мерки за консолидација, оценува ЕК во есенскиот економски извештај.
Ново на Сител
-
ЕУ одобри шест милијарди евра за Балканот, Рама: Историски момент, кој внесува нов импулс во процесот на проширување
-
Девизните резерви во април зголемени за 41,9 милиони евра
-
Анонимна пријава за случаи со поткуп од политичка партија во Кичево
-
Во Делчево денеска гласаат 222 болни и изнемоштени лица за претседателските и парламентарните избори
-
Советот на ЕУ го усвои првиот закон за борба против насилство врз жените
-
И во Шпанија студентите подготвуваат протести против Израел
-
Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња
-
Турција: Офанзивата во Рафа е уште едно воено злосторство на Израел