ЕК: Бугарија да продолжи со реформите во рамки на механизмот за соработка и верификација

Бугарија треба да продолжи да ги спроведува реформите во рамки на Механизмот за соработка и верификација. Ова го изјави портпаролот на Европската комисија Кристијан Виганд во одговор на прашањето дали е можно Комисијата да направи чекор назад во извештајот за спроведувањето на клучните точки од Механизмот, а кои се однесуваат прес се, на независноста, професионалноста и ефикасноста на бугарскиот правосуден систем.
Прашањето беше поставено во врска со интервјуто на претседателот на бугарскиот Врховен касационен суд Лозан Панов за „Шпигел“, во кое тој изјави дека повеќепати испраќал извештаи до Комисијата за бугарска правда и се жалел на систематско вознемирување.
– Ние јасно ставивме до знаење при усвојувањето на последниот извештај за Механизмот дека Бугарија мора да обезбеди да продолжи да ги спроведува неопходните реформи и тие се поврзани точно со независноста на судството и борбата против корупцијата. Можете да бидете сигурни дека овие проблеми ќе продолжат одблизу да се набљудуваат преку новиот механизам за владеење на правото. Треба да продолжиме да работиме со бугарските власти во оваа насока во контекст на овој механизам, а извештајот се очекува во наредните недели, рече портпаролот на ЕК Виганд.
Кога се приклучија на ЕУ на 1 јануари 2007 година, Романија и Бугарија сè уште требаа да постигнат одреден напредок во областа на судските реформи, корупцијата и (за Бугарија) организиран криминал. Комисијата го воспостави Механизмот за соработка и верификација (ЦВМ) како преодна мерка за да им помогне на двете земји да ги отстранат овие недостатоци.
Ново на Сител
-

Иран ги обвини САД дека не ги исполниле своите обврски по израелскиот напад во Либан
-

Трамп ги повика Израел и Хезболах да престанат со напади „за да не ги расипат“ напорите за мир во регионот
-

Пожар помеѓу штипските села Долани и Љуботен, едно лице повредено
-

Полицијата приведе возач од Батинци, управувал возило со 244 километри на час, двојно поголема брзина од дозволеното
-

Мицкоски: Нема мигранти, но ќе има брза пруга, се потврди дека СДСМ кажува невистини
-

Мицкоски: Реконструкција на Владата по роденденот на партијата на 17 јуни
-

СП 2026: Стартни победи на Австралија и Шкотска, по бод за Бразил и Мароко
-

„Центарска симфонија“ синоќа во организација на Општина Центар
