ЕК: Билатерално прашање е тоа што Атина не дозволи посета на австриската министерка
Европската комисија го оквалификува денеска како „билатерално прашање“ одбивањето на грчките власти да ја примат австриската министерка за внатрешни работи Јохана Микл Лајтнер да дојде во посета на земјата.
- ЕК има цел да ја спречи хуманитарната криза во Грција посочи портпаролот на комисиујата Наташа Берто. Таа истакна дека според податоците добиени од грчкиот министер за одбрана во земјата има околу 25.000 мигранти, а дневно, според податоците на ЕК, приистигнуваат по две до три илјади нови емигранти.
Инаку, официјална Атина го одби барањето на австриската министерка за внатрешни работи Јохана Микл-Лајтнер да ја посети Грција следната недела, во услови на растечки тензии меѓу двете членки на ЕУ поради строгиот пристап на Виена во справувањето со мигрантската криза во Европа.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, дипломатски извори за „Катимерини“ изјавиле дека грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас рекол оти Австрија прво мора да ги повлече унилатералните мерки договорени на состанокот со балканските држави во Виена.
Грција, која не беше поканета на средбата, ја обвини Австрија за „непријателски чин“, а вчера беше отповикан и грчкиот амбасадор во Виена.
Ново на Сител
-
САД ќе продолжат да се ангажираат за прашања од заеднички интерес
-
Може ли за неколку месеци да се стане АИ експерт? | Growth Labs Academy | Sitel Podcast 050
-
Полицијата презема мерки за пронаоѓање шест лица - работници од Непал
-
Избувна пожар во светиниколско: Изгоре штала, две грла добиток, млин, сточна храна
-
Во Струмица oбид за киднапирање на тригодишно дете, полицијата испитува дали се работи за кривично дело
-
Мицкоски за можна средба со Мицотакис во Вашингтон: Се надевам дека ќе го задржиме достоинството и дека ќе разговараме како партнери и добри соседи
-
Путин очекува Орбан да зборува од името на Европа за Украина
-
НАТО на самитот во Вашингтон ќе бара стандардизација на артилериската муниција