Свет
17. May 2017 - 10:03

Еј-Би-Си: Трамп го инфромирал Лавров за планови на ИД да урне патнички авион

Животот на израелски шпион инфилтриран во редовите на групата Исламска држава (ИД) е доведен во опасност, откако претседателот на САД Доналд Трамп при минатонеделната средба со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров му открил доверлива информација за планови на џихадистите, јави американската телевизија Еј-Би-Си. 

Според телевизијата, шпионот до Израел доставил информација за заговор на ИД за уривање патнички авион на лет кон САД, со помош на бомба што ќе биде скриена во лаптоп. 

Претставниците на американските власти сметаат дека таков уред е можно да помине незабележан при проверките на аеродромите. 

Информацијата се оценува за доволно сигурна за да започне да се осмислува забрана за внесување на лаптопи во сите авиони кои летаат од Европа за САД. 

Разузнавачките податоци биле пренесени во САД преку анонимен извор.