ЕХФ му изрече двегодишна суспензија на грчки АЕК, парична казна за Алкалоид

Двегодишна забрана за настап во меѓунардните купови му изрече денеска Европската ракометна федерација (ЕХФ) на АЕК, поради одбивањето на грчкиот тим да го одигра реванш натпреварот во финалето на Европскиот куп против Алкалоид во Скопје.
Иако допатува во Скопје, тимот од Атина одби да се појави на паркетот во салата „Борис Трајковски“ на реваншот на 25 мај, незадоволни од бројот на гостински навивачи на кои им беше дозволен влез на трибините.
На грчкиот тим му е изречена и парична казна во износ од 20.000 евра.
ЕХФ воедно му изрече глоба и на Алкалоид во износ од 5.000 евра поради тоа што „не му ја обезбедил на АЕК бараната бројка влезници за гостински навивачи“.
Алкалоид победи на првиот натпревар во Атина со 29-25, а откако АЕК одби да го одигра реваншот, ЕХФ на 5 јуни го регистрираше натпреварот со службени 10-0 и му ја додели титулата на македонскиот тим.
Ново на Сител
-

Николоски: Одлични вести од Брисел, македонските возачи признаени како професионалци во ЕУ
-

Мерц: Европа треба да изнајде начин за да биде доминантна сила
-

Мицкоски: Средбите во Давос ќе имаат придобивки во повеќе сектори
-

Руски „Лукоил“ продаден на американци
-

Тошковски: Се уште од МВР до Владата не е доставена нова систематизација
-

РКЕ: Во постапката за одземање на лиценца на Тритерол Петрол е постапено согласно Законот за енергетика и Правилникот за лиценци
-

Четири лица од Неготино силувале 13-годишно девојче
-

72-годишна жена од Штип измамена од лажен лекар за сума од 2.600 евра
