Егзекутиран Пакистанец чие признание за убиство било изнудено со тортура

Пакистанецот Шефкат Хусеин е егзекутиран утринава во затворот во Карачи и покрај бројните жалби и апелите на бројни хуманитарни организации и групи, да биде помилуван.
Хусеин беше осуден на смрт, со бесење, во 2004 година, обвинет за убиство на дете.
Неговите адвокати тврдат дека во времето кога бил осуден на смрт, Хусеин имал само 14 години и бил малолетен, а дека признанието за убиство било изнудено, со примена на тортура.
Пакистанските правосудни власти, меѓутоа, не ги прифатија ваквите аргументи на одбраната и на хуманитарните организации, тврдејќи дека „нема доказ“ оти Хусеин бил малолетник.
Неговата егзекуција четири пати досега беше одлагана, поради жалбите и проговорите на адвокатите, но ниту еднаш судските валсти не се определија за преразгледување на неговиот случај.
Адвокатите и хуманитарните организации тврдат дека во случајот на Шефкат Хусеин целосно потфрлил пакистанскиот правосуден систем.Тие сметаат дека убиството на детето, како и апсењето и осудувањето на Хусеин не било ниту прописно истражено.
Властите тврдат дека тој имал 23 години кога бил осуден, па судот ги отфрли сите жалби во кои се бараше да се потврди дека Хусеин навистина бил на таа возраст, кога му била изречена смртната казна.
Пакистан е земја со најголем број осуденици на смрт.
Се проценува дека околу 8.000 луѓе чекаат во затворите да бидат обесени, што претставува далеку нависок процент во светот.
Најголемиот број Пакистанци верува дека смртната казна е оправдана и таквиот став, често се објаснува со исламското правило „око за око“. Безмалку сите се согласуваат со смртната казна за убиство на дете.
Владата на Пакистан во декември минатата година го укина мораториумит за извршување на смртните казни во земјата, набргу по терористичкиот напад врз едно училиште во Пешавар, кога пакистанските талибанци убија повеќе од 150 ученици.
Од укинувањето на мораториумот, па досега, се егзекутирани 193 осуденици на смрт, сите во текот на изминатте седум месеци годинава.
Ново на Сител
-

Во првиот квартал 2 472 хипотеки на недвижности
-

Кремљ ѝ порача на ЕУ: Ги преминавте сите црвени линии
-

Едно лице загина во Париз по немирите по победата на ПСЖ во Лигата на шампионите
-

Во Конго и Уганда се потврдени 263 случаи на ебола
-

Николоски: Во Новаци инвестираме 1,2 милиони евра во изградба на индустриска зона и улици, се градат и првите две фабрики
-

МВР: Шест возачи приведени поради безобѕирно управување, дел под дејство на алкохол
-

МВР: Одобрение за патување во странство за деца до 14 години ќе се издава и во сабота
-

Четири лица лишени од слобода и еден службен разговор по седум пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие
