Свет
4. July 2017 - 22:46

Египет ја продолжи вонредната состојба за уште три месеци

Египетскиот Парламент денеска ја одобри одлуката на претседателот Абдел Фатах ал-Сиси за продолжување на вонредната состојба во цела држава за уште три месеци, истакна претседавачот на Претставничкиот дом, Али Абделал.

- Причините поради кои е прогласена вонредната состојба се уште постојат и таа мора да се продолжи, истакна Абделал.